Македонија
13. May 2017 - 9:36

Денови на македонската адвокатура

Адвокатската комора на Република Македонија денеска ќе  го одбележи настанот „Денови на македонската адвокатура“ – 72 години.

- Адвокатурата како самостојна и независна јавна служба секогаш ќе се бори за заштита на човековите права и слободи на рамниште на европските и светските стандарди, како и за прогресивно демократско општество, велат од АКРМ.

Адвокатската комора, како што додаваат, се залага за модерна и современа адвокатура која што ќе овозможи адекватна и стручна правна помош. -  Несебично го градиме и надградуваме правниот систем на земјава со цел уште поголема заштита на човековите права и слободи, зацврстување на правната држава и почитување на принципот на владеење на правото како темелна вредност, велат од АКРМ.