Македонија
27. July 2016 - 17:38

Денот на Републиката, 2 август неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 2 август 2016 година (вторник), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.