Македонија
16. December 2017 - 16:24

Денеска во Кратово се одржа 4-тата Компиријада

Во Штип има денови на пастрмајлијата, Прилеп е познат по виткањето сармички, а во Кратово се случува „ден на компирот“.

Иако оваа манифестација се одвива по четврти пат, за кратко време ги освои симпатиите на кратовци и се очекува да стане традиционална.

Кратовчани со посебно задоволство го славеа денот на компирот, производот кој покрај пастрмајлијата е еден од гастрономските брендови на градот Кратово. „Компиријадата“ привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат специјалитети, разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките.

Манифестацијата ја организираше Локалната самоуправа со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.