Тенис
3. July 2017 - 10:52

Денеска стартува Вимблдон

Денеска во Лондон стартува 131-то издание на вимблдонскиот тениски турнир за кој експертите очекуваат да биде еден од најинтересните и најнеизвесните. 

Причини за тоа има повеќе. Првата е дали ќе дојде до триумф на некој од искусните фаворити или пак мразот ќе го пробие некој од помладите. 
Прв на АТП листата е Енди Мареј кој игра неубедливо во новата сезона.  Роже Федерер игра добро но ги пропушти турнирите на земја. Надал е во добра форма но дали ќе го издржи притисокот од повреди на брзиот терен како што е тревата. 
Новак Ѓоковиќ може да блесне иако не е во посакуваната форма. За него е интересно што може да освои многу поени и да го поправи пласманот на АТП листата бидејќи лани беше елиминиран во 3. коло. 
Следен фаворит е Стан Вавринка кој покажа дека знае да одигра голем турнир и да ја темпира формата. 
Од овие четворицата на сликата секој може по завршувањето на Вимблдон да избие на чело на АТП листата, тоа не важи само за Федерер.