Македонија
16. May 2017 - 8:22

Денеска се слават светите маченици кои беа распнати на крст

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 мај.

Денеска е Св. маченици Тимотеј и Мавра.

Овие маченици потекнуваа од Тиваида, а таму и живееа за време на царувањето на Диоклецијан. Тимотеј беше отец во тиваидската црква, а само неколку дена пред мачеништвото се беше оженил со Мавра. Тогаш настана прогон на христијаните и Тимотеј беше фатен и одведен кај управникот на градот. Од него беараа да ги предаде црковните книги, а кога светиот Тимотеј одби да ги предаде книгите што сам ги беше препишувал и во кои се наоѓаше небесната ризница, управникот го предаде на маки. Наскоро истата судбина ја снајде и света Мавра. Напосле, двајцата беа распнати на крст.