Денеска нè очекува прво помрачување на Месечината во 2020. година
Помрачувањето на месечината, кое ќе се случи денеска, на 10-ти јануари, особено ќе влијае врз сите хороскопски знаци, поради тоа што е прво помрачување во 2020-та година.
Кај некои знаци ќе внесе немир, а кај други монотонија. Потребно е трпение.
Поволен е денот само кога се во прашање Лавовите и Девиците. Емоциите ќе бидат изразени кај сите, било да се позитивни или негативни.
Нагласени се зависта, љубомората, очајот, но и еуфоријата, како и фрустрациите.
Еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак:
Овен
Ќе се случат одредени промени во вашиот дом, бидејќи месечината ќе влијае на семејните односи. Внимавајте да не погрешите при носење на некоја одлука.
Бик
Месечината ќе влијае врз вашите емоции, па затоа воздржете се од носење клучни одлуки, потпишување договори и документи или преговори со роднините околу имот.
Близнаци
Помрачувањето ќе ве направи посвесни за финансиската ситуација, па нема да се впуштите во големите трошоци кои претходно ги планиравте.
Рак
Влијанието е најизразено врз вашиот емоционален склоп, имате проблеми да се разберете себе и што сакате и од себе, но и од другите околу вас.
Лав
Најдобро е овој ден да не правите ништо значајно, туку да се посветите на релаксација и одмарање. Можно е да ви се случи краткотрајна заљубеност.
Девица
Сите случувања се насочени кон тоа да добиете некоја финансиска добивка, без разлика дали сте студент, вработен, пензионер или пак, финансиски зависни од член од семејството.
Вага
Денеска внимавајте како се однесувате на работа. Ако премолчите некои нешта кои ви доаѓаат да ги кажете, нема да се ставите во незгодна ситуација.
Скорпија
Помрачувањето на месечината ќе влијае врз вашите филозофски размислувања, духовност и врз страстите. Внимавајте во кого имате доверба во животот.
Стрелец
Внимавајте во што вложувате пари и трошете ги паметно. Бидете особено внимателни со кредити, животни осигурувања или купување недвижнини.
Јарец
Сосема се можни недоразбирања и на професионален и на емоционален план. Ќе сакате да се дистанцирате од одредени личности во вашата околина.
Водолија
Ова помрачување ќе влијае врз вашето здравје, па затоа треба да почнете посериозно да внимавате што јадете и редовно да ги земате витамините.
Риби
Месечината овојпат ви носи промени кога е во прашање љубовта, но и вашите емоции општо. Имајте реални очекувања и согледувања на ситуацијата.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри