Македонија
1. April 2016 - 16:27

Денеска е светскиот ден на шегата, 1-ви април, најомилениот ден на сите деца

Принцези, лавови, пчелки, супермен, маша, вештерки и пирати, градот е маскиран во ликовите на најомилените детски цртани ликови. Најголемата забава под маски почна уште претпладне со најмалите на Плоштадот МАкедонија. Со музика, забава и смеа се  прославува 1ви април.

Шегите денеска се неизбежни , на  први април секој секого го лаже по нешто за да го насмее.

И возрасните се радувааат на први април. ВО духот на шегата на градската априлијада имаше и маскирани мајки, татковци, вработени и студенти . И пензионерите  не ја пропуштија најголемата забава под маски а смислиле и по некоја смешна лага .

На дневната прослава традиционално организирана од Градот и ДКЦ Карпош се обрати и градоначалнико Трајановски.

Забавата продолжува до доцните ноќни часови со настапи на повеќе бендови , пејачи и диџеи а маскираните ќе продефилираат на бината по што ќе следат и други изненадувања.