Македонија
4. April 2020 - 8:16

Денеска е Свети свештеномаченик Василиј Анкирски

Свети Василиј живееше во четвртиот век. Беше прочуен презвитер на Анкирската црква. За верата се бореше против Аријанците и поради тоа многу претрпе за време на римскиот цар Константин. Кога на престолот дојде царот Јулијан Отстапникот, Василиј отворено ја разобличуваше неговата нечеститост. Поради тоа, беше ставен на маки и во текот на неколку денови, мачителите му отсекуваа парчиња од кожата. Но, свети Василиј сето тоа мажествено го истрпи и ја предаде својата душа за Христа во 363 година.