Македонија
2. January 2020 - 8:36

Денеска е „Свети Игнат“ - Каков ќе ви биде денот, таква ќе ви биде и годината

Денеска е Свети Игнат. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.

Во народот постои верување дека она што ќе го правите и ќе ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата цела година.

Првиот гостин што ќе ви дојде и ќе го пречекори прагот на вашата куќа се вика полазеник. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството. Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне годината.

Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.
Значи, каков ви е денот денес, таква ќе ви биде и годината.
Убав ден на сите!