Македонија
30. May 2020 - 8:23

Денеска е Свети апостол Андроник

Свети Андроник е еден од 70-те апостоли. Тој му бил роднина на апостол Павле и поставен за епископ на Панонија, каде проповедал заедно со својата помошничка Јунија. Двајцата имаа благодарна сила на чудотворство со која ги изгонуваа демоните од луѓето и ја исцелуваа секоја немоќ и болест. Свети Андроник и Јунија пострадаа маченички, а нивните мошти се пронајдени во Евгениската област, во близина на Цариград.