Македонија
16. December 2019 - 8:14

Денеска е Св. пророк Софониј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 декември.

Денеска е Св. пророк Софониј.

Старозаветен пророк. Живеел во седмиот век пред Христа. И тој, како и повеќето старозаветни пророци, со возбудувал во духот гледајќи ја нечесноста на еврејскиот народ. Ги прорекол бедите што подоцна паднале врз Јудеја и соседните земји, но и се радувал со духот гледајќи го идното ослободување во Христа, и во својата книга извикува: „Радувај се, ќерко Сионова, ликувај Израиле, весели се и радувај се од се срце, ќерко ерусалимска. Господ, Царот Израилев, е среде тебе: нема повеќе да видиш зло“.