Македонија
25. August 2020 - 8:31

Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј

Свети Аникита беше римски комит, воен великодостијник, во град Никомидија за време на Диоклецијан.

Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните.

Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин.

Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј.

Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.