Денеска е Сретение Господово, немажените девојки ги наоѓаат своите избраници
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари.
Денеска е Сретение Господово.
Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос.
Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.
Сретение е еден од најважните празници за христијаните. бидејчи укажува на првата средба на Спасителот со луѓето.
Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотот и зима, па деновите стануваат подолги, а времето потопло. Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечкитње се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.
Меѓутоа, најинтересно верување е тоа дека на денешниот празник се верува дека немажените девојки ќе ги пронајдат своите избраници. Девојките веруваат дека идниот маж ќе им личи на првиот маж кој денеска ќе го сретнат.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти