-->
-->
Денеска е Преподобен Јован Лествичник
-->
Тој дојде на Синајската Гора како шеснаесетгодишно момче, привлечен од славата на монашкиот живот на синајските подвижници и остана таму, прво како послушник, потоа како отшелник и на крајот како синајски игумен до осумдесеттата година од животот. На Синајската Гора постоеле места кои биле исклучително погодни за отшелничко подвижништво, и во едното од нив (Тола) низа години се подвизувал Јован Лествичник.
До доаѓањето на Јустинијан Први на престолот, синајските подвижници немале манастир, туку само една масивна тврдина и еден мал храм близу до неа, изградени од равноапостолката Елена. Во 557 година, за време на императорот Јустинијан, на молба на монасите, тука бил изграден манастир. Преподобен Јован Лествичник се упокои околу 563 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот