Денес времето претежно облачно со пороен дожд
Времето во земјава ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд и изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а дневната од 22 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 20, а дневната ќе достигне 28 степени.
И во четврток под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање