Македонија
11. September 2020 - 19:32

Денес во Битола потврдени 4 нови случаи на Ковид-19, од кои еден дава податок за контакт со позитивно лице

Денес во Битола се потврдени 4 нови случаи 4 (лица на возраст од 54 до 65 години; едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице).

Од центарот за јавно здравје Битола информираат дека во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негувателка во детска градинка. Негувателката испрати во изолација деца и колеги од градинката во Битола.

По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице.