Денес ќе се оддржи првиот намаз во Аја Софија
Пред Аја Софија во Истанбул се собрале илјадници верници бидејќи денес се одржува првиот намаз од 1934 година.
На молитвата се очекува дека ќе присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Бројот на верници кои ќе учествуваат на прв намаз е ограничен поради пандемијата. Се очекува на намазот да присуствуваат 1.453 лица, што ја симболизира годината кога Турците го освоиле Константинопол. Околу 500 верници ќе извршат намаз во Аја Софија, додека останатите надвор пред џамијата.
Државниот совет на Турција, високиот административен суд во земјата, на 10 јули ја поништил одлуката од 1934 година за пртворање на Аја Софија во Истанбул во музеј.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган потпишал указ со кој Аја Софија се претвора во џамија во која може да се служат молитви.
Црквата Света Софија изградена е 537 година а во џамија е претворена 1453 откако султанот Мехмед Освојувач го разориле, заземале и опљачкале Константинопол, денешен Истанбул.
5 века подоцна, 1935 година за време на проевропските реформи на Турција кој ја предводел Ататурк, претворена е во музеј.
Аја Софија е на список на светските културни добра во ОН за образование, култура и наука при УНЕСКО. Одлуката за претворање на Аја Софија во џамија предизвикала критики и револт ширум светот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање