Дендиас: Западниот Балкан е инетегрален дел од Европа
Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб“, на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.
-Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзаува Западниот Балкан со три континети, додаде Дендиас.
Според него, овој собир се одржува во време кога ЕУ се соочува со глобални предизвици и кога изгуби една своја земја членка, па затоа во овој критичен момент мора да ја задржи европската идеја.
Тој потенцира дека политката на проширување важна за надминување на поделбите на континтот, додавајќи дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е во политички и еконмски интетес на ЕУ и ќе придонесе за зајкнување на единството на Унијата.
Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Дендиас потенцира дека ЕУ мора да ги испсолни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.
-Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, истакна Дендиас.
По сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, која се одржува зад затворени врати и на која е предвидено обраќање на сите учесници, собирот ќе продолжи со работен ручек на тема „Западен Балкан во Европа: Патот напред“.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела