Тенис
26. July 2017 - 9:43

Ден на македонскиот тенис на фјучрсот во Скопје

Вкупно шест македонски тенисери ќе настапт денеска на фјучрс турнирот што се одржува на терените на „Теннис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Сите тие ќе ги играат мечевите од првото коло.
На теренот број 1во 10 часот е стартот на мечот меѓу Бесир Дургути и Небојша Миленковиќ од Србија, по нив следува мечот на Горазд Србљак против Страхиња Ракиќ од Србија, а потоа е дуелот на Томислав Јотовски, кој е седми носител против Лука Нарциси од Италија.
На теренот број 2 програмата ќе ја отвори (почеток 10 часот) Давид Мицевски против петтиот носител Клаудио Фонтана од Италија, потоа играат Стефан Мицов против вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија и како последен е мечот на Димитар Грабул против Маурицио Алварез-Гузман од Чиле.