Македонија
23. October 2018 - 8:46

Ден на македонската револуционерна борба

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.