Македонија
15. October 2018 - 16:59

Ден на белиот стап: Марш низ Широк сокак за зголемување на свеста за навремени прегледи

Со марш по Широк Сокак, Здружението на слепи лица од Битола го одбележа денешниот меѓународен ден на белиот стап. Велат дека расте бројот на слепи лица во Битола и затоа упатуваат апел до граѓаните барем еднаш во годината да направат офтамолошки преглед.

-Бараме очила од сопругот или сопругата, да видиме нешто во телефонот или весникот, а тоа се првите симптоми кога треба да одат на офтамологија и да се прегледаат. Со самото стареење ќе го изгубат видот, како мене. Заради мојата негрижа, додека работев почнав со лупа да гледам, јас тогаш не обрнав внимание и кога отидов беше доцна, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица- Битола.

Веќе петта година по ред Лајонс  клубовите ја реализираат скрининг програмата за рано откривање на слепилото во рамките на која 10% случаи на слепило биле откриени.

-Правиме напори за рано откривање на слепоилото кај малите деца, досега се прегледани 30.000 деца во цела Македонија, рече Антонијо Димитровски, Лајонс Клуб Битола.

Инаку бројката на слепи во Битола е околу 220 лица, од кои 120 се целосно слепи.