Свет
28. November 2020 - 19:32

Демонстрантите во Париз запалија филијала на „Банк де Франс“

Демонстрантите против законот за „општа безбедност“ во Париз запшалија филијала на „Банк де Франс“, јави дописникот на МИА.

На ѕидот на зградата беше испишано и „А“ за „Анархија“. Запален е киоск на плоштадот. А се гледаат и демонстранти кои позираа со знак: „Не за полициската држава“.

Во исто време, префектурата  на Твитер објави дека е опожарен и ресторан на плоштадот.