Македонија
3. May 2016 - 22:40

Демонстрантите удрија по кривичниот суд

По паузата поради велигденските и првомајските празници празници, денеска продолжија протестите организирани од СДСМ, СОРОС и БЕСА. На мета на демонстрантите овојпат се најде зградата на Кривичниот суд. По веќе познатото сценарио, со фрлање на балони полни со боја, беше офарбана фасадата и на оваа државна институција.

Овојпат настрадаа и полицајците, кои беа дел од кордонот поставен пред судот.   

Протестот и денеска почна пред зградата на СЈО, продолжи кон Собранието, а оттаму демонстрантите се упатија кон Кривичниот Суд, каде што беа повторени барањата за укинување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка. Демонстрантите оттаму се упатија кон Владата, каде и што заврши протестот.