Свет
5. May 2018 - 13:30

Демонстрации за поддршка на легализација на марихуана во 21 германски град

Во 21 германски град денеска ќе се одржат демонстрации со барање за легализација на канабисот, јави ДПА, повикувајќи се на Германската канабис асоцијација (ДХВ).

Предвидено е неколку илјади луѓе да се вклучат во протестите во Берлин, Келн, Дизелдорф, Пасау и Дрезден. Демонстрациите се дел од светскиот настан „Глобален марш за поддршка на марихуаната“.

Продажба и користењето на марихуана во Германија е нелегално, но луѓето не се прогонувани за употребата на мали количини, согласно германските закони за наркотици.

Медицинската употреба на канабис е легална со рецепт на лекар