Македонија
22. March 2018 - 9:16

Демолирано казиното „Сенатор“ во Струмица

- Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица синоќа околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини.

Од СВР Струмица го потврдија настанот.

- Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Инаку, синоќа на социјалните мрежи се појави видео во кое се зборува како непознат човек го демолирал казиното.