Балкан
16. August 2021 - 8:15

„Демократска Бугарија“ ќе преговара со БСП доколку Радев и го додели третиот мандат за формирање влада

„Демократска Бугарија“ ќе преговара за формирање нова влада на Бугарија со трет мандат, дури и ако тој биде врачен на БСП, изјави Христо Иванов за БНР.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Иванов, парламентарните партии мора да седнат на преговарачка маса и да изработат сеопфатна формула за идната влада на земјата.