Демократки сојуз: Државниот врв на Илинден се сокри од народот
Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, ИЛИНДЕН, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости.
Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ.
Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот,
истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа.
Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.
Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори.
Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот!
Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сплотеност и единство. Ќе "купите" некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни!
Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат