Свет
16. January 2019 - 18:21

Демократиоте во САД бараат Трамп да одложи обраќање до нацијата

Демократите во САД бараат претседателот Доналд Трамп да го одложи обраќањето за состојбата на нацијата предвидено за 29 јануари, поради финансиската парализа на работењето на Владата.

Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, денеска презеде вонреден чекор барајќи од претседателот Трамп да го одложи обраќањето се до укинувањето на делумната блокада на владата или говорот да го испрати во писмена форма.

Претседателот закажа обраќање на заедничката седница на Конгресот на 29 јануари. Но, засега нема компромис на повидок за да се реши спорот околу владиното финансирање – ќор-сокак што трае веќе 26-ти ден.