Џет-Сет
5. November 2015 - 8:54

Деми Мур: Девојка од 52 години

Иако на црвените теписи постојано гледаме разголени глумици, Деми Мур не мора да носи провокативна тоалета за да го привлече вниманието. 

И покрај тоа што оваа славна актерка има 52 години и е мајка на три деца, таа се уште изгледа како девојка. 

Ѕвонестата црна тоалета креирана од Жак Посен беше вистински избор за вечерта на американските модни дизајнери. 

Заедно со оваа тоалета Деми одлично ја искомбинира безвременската класика, црните салонки на „Лоуботин“.