Македонија
5. July 2018 - 9:40

Делови од Сарај, Бутел и Кисела Вода утре без струја

Дел од жителите од скопските села  Ласкарци, Семеништа, Арнакија, Чајлане, Буковиќ и бензиската пумпа „Седум браќа“ во општина Сарај утре од 9.15 до 10.15 часот ќе останат без електрична енергија. 

Во периодот од 7.45 до 8.45 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „18“ на патот за селото Побожје и дел од улицата „Радишанска“ во општина Бутел. 

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ подулица 1 во општина Кисела Вода. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.