Делови од повеќе скопски општини утре без струја
Од 8 до 9.30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Аминта Трети“, на потегот од улицата „Антоние Грубишиќ“ до улицата „Наум Наумовски-Борче“ во општина Центар.
Во периодот од 8.30 до 16.30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце во општина Сарај. Од 9 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Старата скопска чаршија и дел од Дуќанџик, а од 9 до 15.30 часот корисниците кај саат кулата кај џамијата во општина Чаир.
Од 9.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од улицата „8 Март“ до улицата „Аминта Трети“ во општина Центар.
Во периодот од 10 до 13 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „4“ во село Сарај.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак