Македонија
20. August 2015 - 9:53

Делови од Кисела Вода, Аеродром и Сопиште утре без струја

Од 8.30 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Иван Козаров“ и мал дел од улиците „Божидар Аџија“ и „Тоне Томшиќ“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“, подулици 24 и 25 во Кисела Вода, а од 8.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Божидар Николов – Силни“ во општина Аеродром.

Селата Говрлево, Горно Соње, Света Петка, Виничиште и Чифлик во општина Сопиште ќе бидат без струја од 9 до 13 часот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.