Македонија
25. April 2018 - 10:11

Делови од Карпош и Центар утре без струја

 Без електрична енергија утре од 9 до 10 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр.102.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Февруарски поход“, зад „Рамстор“.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.