Македонија
4. May 2016 - 12:07

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струjа

Од 9:30 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Австралиска“, „Николај Островски“ и „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Варшавска“ од број 40 до број 50, парни броеви, во општина Карпош.

Од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Дринска“, „Нов живот“, „Вашингтонска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

РЦУК – Скопје информира дека прекините се поради инвестиции во електросистемот.