Македонија
3. October 2017 - 10:25

Делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари утре без струја

Од 8:30 до 10:30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците на Телеком од улицата  „Перо Наков“ и бензиската пумпа „Крип Транс“ во општина Гази Баба. 

Во периодот од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Волково, подулици со броеви 24, 58, 60, 72, 74, 76, 78 и 80 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од селата Семениште и Чајлане, општина Сарај и дел од корисниците лоцирани на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка буна“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради инвестиции во електросистемот.