Македонија
6. October 2015 - 11:29

Делови од Центар и Гази Баба утре без струја

Корисниците од улицата „Тодор Александров“ во општина Центар утре од 8:30 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 чсот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ лоцирани во близина на крсотсницата со улицата „Маџари“ во општина Гази Баба, а од 12 до 15 часот и корисниците од улицата „Партение Зографски“ во општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе биде и дел од Старата скопска чаршија, а од 9 до 11 часот и железничката станица Зелениково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.