Македонија
6. September 2019 - 15:14

Делегацијата на Венецијанската Комисија на средба со АОПЗ

Во Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска се одржа средба со делегацијата на Венецијанската Комисија, на која е дискутирано за текстот на Законот за употреба на јазиците.

Како што соопштија од Агенцијата, директорот Илхан Рахман говорел и за состојбата со остварување на правото на употреба на јазиците на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, како и за можноста за зголемување на опсегот на употребата на јазиците на заедниците на локално ниво.