Делегација од ССК во посета на Чешка
Претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија престојуваат во четиридневна посета на Чешка.
Посетата се реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации во рамки на проектот „Подобро управување за зголемена конкурентност на четири плански региони (Вардарски, Полошки, Скопски и Источен)“.
Целта на посетата е претставување и споделување на примери и позитивни практики од чешкото искуство во однос на привлекување на странски инвестиции и унапредување на бизнис климата на регионално ниво.
Во рамки на посетата, извршниот директор на ССК, Митко Алексов се сретнал со претставници од чешката Стопанска комора со кои, како што соопшти ССК, е постигнат договор за взаемна конкретна соработка, а најавен е и бизнис форум кој е планирано да се одржи во јуни во Скопје, за кој постои заинтересираност од чешки компании.
Алексов ги посетил и Технолошкиот центар во Храдец Кралове, каде се присутни голем број старт ап компании од ИТ секторот, индустриски дизајн и компании од прехранбената индустрија.
Делегацијата на ССК остварила средби и со чешки владини институции и други институции кои го следат и поддржуваат развојот на приватниот сектор. - Во оваа насока, посетата придонесе за остварување на услови за отпочнување на потенцијална идна соработка помеѓу коморите од двете земји од областа на туризмот, градежништвото, енергетскиот сектор, металопреработувачката и прехрамбената индустрија, а исто така најавени беа и потенцијални инвестиции во Македонија од страна на чешки компании, се вели во соопштението од ССК.
Владата на Република Македонија и Владата на Република Чешка имаат потпишано договор за економска и индустриска соработка во 2010 година и протокол за утврдување на насоките на економските и трговските односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ