Делчевските ловџии пленија „капиталец“ тежок 155 килограми
Неделниот ден кој е омилен за оние кои се занимаваат со лов, на делчевските ловџии им донесе улов тежок 155 килограми. Уловот за кој долго ќе се зборува во
ловџиските кругови во делчевско е дело на група ловџии од село Град, кои информираа дека „капиталецот“ е уловен во планинските предели помеѓу селата Град и Вирче.
– Дивата свиња е уловена во раните утрински часови. Ова утро како и секоја недела за време на ловната сезона, нашата група се подготви за лов и како таргет денес ни беше подрачјето над селата
Град и Вирче. Имавме некои индиции дека таму деновиве се забележани поголем број диви свињи. За среќа така и испадна, при што успеавме да уловиме еден од поголемите улови оваа година, велат ловџиите.
Бидејки е доста голем уловот, како што додаваат ловџиите, било тешко истиот да се транспортира до селото, каде веќе прави и мала гозба.
– По ловот се знаат правилата како се дели пленот, но сепак нормално е при ваков улов да има и мала веселба, па тука се раскажуваат и приказни кој бил главен што капиталецот е уловен и така,
додаваат ловџиите од делчевското село Град.
Сезоната на крупен дивеч во делчевскиот регион, се одвива на пет ловишта, Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч дозволен е отстрел на волк и лисица, додека отстрелот
на дива свиња, зајак и еребица е пропишан согласно ловностопанските основи за секое ловиште поединечно.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација