Тенис
7. јуни 2018 - 16:51

Дел Потро обезбеди полуфинале со Надал

Хуан Мануел дел Потро во четири сега со совлада Марин Чилиќ и се пласира во полуфианлето на Ролан Гарос каде ќе го вкрсти рекетот со Рафа Надал. 

Очигледно дека Аргентинецот подобро се снајде по прекинот вчера поради дождот и набрзина го реши доигрувањето на тај-брејкот од првиот сет. 
Во вториот се водеше голема борба а го освои Чилиќ.
Во третиот Хрватот направи брејк и поведе со 2-0 но откако пропушти втор брејк дел Потро се разигра и на крајот се радуваше на победата.