Македонија
20. јуни 2018 - 10:20

Дел од Старата скопска чаршија и Рашче утре без струја

Дел од корисниците од улицата „Архиескоп Ангелариј“, поточно објектите во околината на горниот влез во Стара скопска чаршија во општина Чаир утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Рашче.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето плнирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.