Македонија
16. јуни 2016 - 15:44

Дел од општина Бутел утре без вода

Од 9 часот утре без вода ќе останат дел од корисниците од улицата „Бутелска“ во општина Бутел.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка на улицата „Бутелска“ бр. 18. Прекинот ќе биде се до завршување на интервенцијата.