Македонија
28. March 2017 - 11:01

Дел од Кавадарци без вода

Дел од Кавадарци утрово е без вода за пиење поради санирање на воздушен вентил.

Според раководителот на организациската единица за водовод и канализација при ЈП „Комуналец" Марјан Прескакулев, се работи за воздушен вентил близу реката Луда Мара. 

Како што информираПрескакулев, вода немаат улиците „Блажо Алексов" и „Видое Смилевски", а дефектот треба да се отстрани најдоцна до 15 часот.