Македонија
7. September 2020 - 15:31

Дел од Автокоманда вo среда без вода и со намален притисок

Вo среда прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улицата „Беласица“, Општина Гази Баба и „Пуцко Петрол“. Со намален притисок од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од населбатата Автокоманда.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Петар Горгиев“ без број во населбата Автокоманда.