Тенис
22. јуни 2022 - 19:50

Дејвис куп: На стартот пораз од Луксембург

 
Најдобрата селекција на Македонијаво тенис  во доживеа пораз на стартот од  Дејвис Купот кој се игра во Црна Гора . Во рамките на 3. Група нашите тенисери го загубија првиот меч против Луксембург со 2-1.  Калин Ивановски извојува победа над подобро рангираниот Родиш во стартниот меч. 
Во вториот дуел Горазд Србљак беше надигран од Кнаф со 7-6/5 и 7-5, а клучниот пораз го запишавме во двојки, откако Марковски и Бугариќ загубија од Кнаф и Родеш во сетови 0-2, па така Луксембург извојува победа над Македонија со 2-1.
Следни противници на нашите тенисер во Црна Гора ќе бидат селекциите на Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Молдавија и Црна Гора.