Тенис
7. April 2017 - 16:13

Дејвис куп: Македонија - Исланд 3-0, попладнево трет дуел во еден ден

Тениската репрезентација на Македонија со максимални 3:0 го победи Исланд во рамките на мечот од 2.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот. За комплетен триумф се погрижија Шендрит Деари и Горазд Србљак, кои со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) ги победија Владимир Ристиќ и Егил Сигурдсон. Претходно двете победи за Македонија во сингл мечевите ги донесоа Димитар Грабул и Томислав Јотовски.
Македонија денеска првата победа ја постигна откако претпладнево во продолжението на вчера прекинатиот меч поради дожд ја совлада Малта со 2:1.
Во второто коло првата победа ја постигна и Молдавија, која со 2:1 ја победи Малта. Токму Молдавија е третиот противник на нашата репрезентација, почетокот на овој меч нема да биде пред 16:15 часот по македонско време.