Џет-Сет
27. January 2016 - 9:29

Дејвид Карузо за улогата на Хорејшо Кејн заработувал по 375.000 долари од епизода

Амриканскиот актер Дејвид Карузо се прослави со улогата на агентот Хорејшо Кејн во серијата „Истрага на местото на злосторството: Мајами“.

Иако, според многумина, Карузо не покажа особено врвна глума, сепак со специфичните „тикови“, очилата за сонце и својот „кул“ став, стана заштитен знак на оваа серија, за што добивал и „дебел“ хонорар.

Имено, американските таблоиди објавија дека хоноратот на Карузо за улогата на агентот Кејн изнесувал 375.000 долари од епизода.

Неговата лоша глума во серијата, изминативе години беше тема на потсмев и имитирање од страна на многу комичари, па дури и негови колеги.

Но, очигледно сето тоа не го загрижува премногу, па дури и изјави дека „одлично се забавува“ со ваквите имитации.