Дејвид Камерон: Напуштањето на ЕУ претставува „скок во темнина“
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека Британија се наоѓа пред можноста да биде дури „поголема„ и посилна, доколку остане во ЕУ, или да се соочи со „скок во темнина„ ако се определи за напуштање на Унијата.
Во дебатата во Долниот дом на британскиот Парламент за договорот што го постигнаа Лондон и Брисел, околу натамошните односи на Британија и ЕУ, на Самитот во петокот, премиерот Камерон им порача на пратениците дека земјта се избори за да има „специјален статус“ во рамките на Унијата.
Камерон им порача на пратениците, но и на британската јавност, дека земјата успеа да се обезбеди од сите евентуални, натамошни интеграции, како и од тоа да биде дел од некаква европска „супер држава“.
Со договорот што во петокот, по долги преговири го прифатија сите други членки на Унијата, Британија се избори за блокирање на социјалните бенифиции за мигрантите од ЕУ, мерка која би важела до 2028 година, како и за заштита за себе и за другите земји од ЕУ кои не се членки на еврозоната.
Тој предупреди дека евентуалното напуштање на ЕУ може тешко да им наштети на работните луѓе во Британија, во годините што доаѓаат, доколку на референдумот закажан за 23 јуни, мнозинството Британци се определи за напушатње на Унијата.
Камерон објасни дека доколку дојде до тоа, веднаш ќе почнат разговорите за разделување на Британија и ЕУ и ја отфрли можноста тогаш да се организира уште еден референдум.
Во своето обраќање, Камерон им замери на оние кои најавија дека ќе агитираат за напуштање на Унијата, дека не им објаснуваат на Британците за последиците од евеннтуалното разделување со ЕУ.
Шестмина министри и членови на владиниот кабинет, меѓу кои министрите за правда и за труд и пензиии, како и за Северна Ирска, заедно со градоначалникот на Лондон, кој од мај 2015 година е пратеник, соопштија дека се определени да се напушти ЕУ.
Околу 100 конзервативни пратеници, исто така сметаат дека за земјата е пдобро таа да биде надвор од Унијата.
Големо мнозинство од министри, меѓу кои се министрите за финансии, за надворешни и за внатрешни работи, како и за одбрана, останаа лојални на премиерот Камерон.
Ново на Сител
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет