Дејвид Боуви во тестаментот оставил имот од 100 милиони долари
Британската рок ѕвезда Дејвид Боуви, кој почина од рак на 11 јануари, оставил зад себе пари и имот во вредност од 100 милиони долари.
Според неговиот адвокат, тестаментот бил вчера отворен во Њујорк, каде Боуви живееше последниве две децении.
Половината од оставнината, Боуви и ја оставил на својата сопруга, поранешниот фото модел и манекенка Иман, со која беше во брак од 1992 година. Нејзе и припаднал и големиот стан во кој тие двајцата живееја во Њујорк.
Другата половина во вредност од 50 милиони долари, им ја оставил на своте две деца, синот и ќерката, со таа разлика што таа добива и еден мал стан во Њујорк.
Тестаментот бил направен уште во 2004 година.
Во него прославената пејачка ѕвезда не ги заборавил и својата лична скретарка, на кој и оставил два милиони и некогашната негова дадилка, на која и определил еден милион долари.
При отворањето на тестаментот, неговиот адвокат откри дека пепелта од кремирањето на неговото тело треба да се растури на индонезискиот остров Бали, според локалната будистичка традиција.
Кремирањето на мртвото тело на Дејвид Бови било извршено на 12 јануари во Њујорк и на него не присуствувале дури ниту членовите на неговото семејство, што било последната волја на починатиот пејач.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар