Џет-Сет
30. January 2017 - 17:33

Дејвид Бекам откри како го одржува бракот со Викторија

Дејвид Бекам ги негираше гласините дека тој и неговата сопруга Викторија останаале заедно само поради нивниот доходовен бренд „Бекам“, наглсаувајќи дека нивниот брак го одржуваат „љубовта и четирите убави деца“.
 
Ваквата изјава поранешниот професионален фудбалер ја даде при гостувањето на програмата на радио Би-Би-Си, по повод прославата на 75-годишнината на една емисија.
 
– Луѓето зборуваа дека јас и Викторија сме останале заедно само поради нашиот бренд. Но, секако дека не е така. Ние сме заедно затоа што се сакаме и затоа што имаме четири убави деца, рече Бекам.
 
Тој рече дека темел на сето тоа е семејството и дека тој и Викторија се воспитувани на вистинските вредности.
 
– Секако дека во текот на годината правевме грешки. Сите знаеме дека бракот понекогаш е тежок, но мора да се работи на него, додаде познатиот фудбалер.
 
Викторија и Дејвид се во брак од 1999 година.